Прекуграничниот проект за заштита на Дримскиот басен започнува од Охрид
22.09.10 09:10
Управувањето со водните ресурси во регионот влегува во нова фаза. Имено , во ко-организација на Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро при МЖСПП и UNECE , MIO ECSDE i GWP Medditteranian на 2 ноември во Охрид започнува првата фаза од процесот за прекугранично управување и заштита на басенот на реката Дрим, фаза наречена Дримски дијалог. Тоа е фаза во која политичкото и експертското милје од 5 земји ќе треба да излезат со заедничка визија за управување на овој важен воден басен, што пак ќе води до голем заеднички проект за заедничко управување. Искуствата и успесите на Проектот за Охридско Езеро проектот за Преспа кој е во тек , и проектот за Скадар ќе бидат носители на целата активност.
– Како еден од иницијаторите на овој процес посебно сум задоволен што првите национални консултации за Дримскиот проект ќе се одржат токму во Охрид и што ко-организатор заедно со UNECE , MIO ECSDE и GWP Medditeranian ,се јавува и Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридско Езеро . Дримскиот дијалог е фаза во која сите релевантни институции на државно , локално , научно и невладино ниво ќе треба да се обединат во поставувањето на целите како да се обезбеди квалитетно управување со целиот речен басен вклучувајќи ги езерата. Тоа е единствениот пат за решавање на сите проблеми. изјави Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридско Езерo.
На првиот Национален состанок , покрај претставниците на меѓународните институции ќе присуствуваат претставници на сите национални институции , претпријатија , научни установи со надлежност во управувањето со водите и претставници на сите локални самоуправи кои гравитираат во Дримскиот басен . Ова е колосална прилика конечно управувањето на водните ресурси да се стави во рамка и да се обезбеди квалитетна заштита и на подсливовите како што се Охридско и Преспанско Езеро, велат од Билатералниот секретаријат.
Во текот на изминатата недела Отсекот за превенција при СВР Охрид реализираше повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид Од Министерството за внатрешни работи информираат дека било одржано пр...
Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, одлучи Регулатор...
Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.