Во општина Вевчани започна да се спроведува проектот „Разликите се наша предност“.

Проектот предвидува деца на возраст од 10 до 15 години, од различни националности, да посетат дел од верските објекти од исламска и православна вероисповест на територијата на Струга.

Дел од децата веќе посетија дел од црквите во општина Вевчани и имаа можност да ги слушнат предавањата на свештените лица за православието како религија.

Во текот на оваа недела предвидено е децата од македонска националност да посетат една од џамиите во Струга каде треба да се запознаат со учењата на исламот како религија.

Идејата за реализирањето на овој проект е да се придонесе во подобрувањето на меѓуетничките односи во Струга.

OhridNews