Со вчерашното литературно читање „Пролет, љубов, смеа“, во КИЦ „Култура 365“ започнаа пролетните активности во овој културен центар.
Стиховите на Блаже Конески, во интерпретација на м-р Лидија Размоска, го одбележаа почетокот на настанот, кој беше организиран во сорабтока со Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
„Пролет, затоа што тоа е најубавото годишно време. Љубов, сватена како човекова особина која ја изразува блискоста и меѓусебното почитување. А смеа, тоа е производ од овие две нешта. Ете ова беше причината која што не натера и која што не поттикна да го организираме ова литературно читање во соработка со Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. “ – истакна м-р Лидија Размоска.
Таа додаде дека настанот бил инспирација за членовите на литературниот клуб „Поема“ при Младинскиот совет Охрид, да ги напишат своите стихови.
На средбата, свои авторски стихови прочитаа идните надежни творци, Сика Ковач, Емилија Цацаноска, Фросина Шикоска, Симона Србиноска, Сара Ѓоргоска , Емилија Каранфилоска и Елена Ристеска.
О.Т.