Мртовечки венец за новинарот Борјан Јовановски и бил предаден вчера на неговата сопруга во семејниот дом, од страна на непознато лице кое се претставило како Тодор Александров. Инцидентот се случил во време кога новинарот Јовановски бил отсутен од земјата, што дополнително го вознемири семејството. Тој информацијата за немилиот настан ја сподели преку социјалните мрежи.
Немилиот настан го осуди новинарскиот пленум, кој денеска на пладне организира протестен собир пред владата.
Инцидентот го осуди и владејачката ВМРО ДПМНЕ, која повикува институциите многу одговорно да ги истражат овие настани за да не се дозволат било какви обиди на местенки и манипулации со чувствата на јавноста.
OhridNews