Уморни од патот но и настапот на светскиот шампионат во Шангај,а македонските пливачи Марко Блажески и Симона Маринова , “немаа“ проблем со конкуренцијата и победија во своите категории на Илинденскиот куп кој се одржа во Охрид.
Блажевски и Маринова имаа улога на “статисти“ на Светското првенство во пливање во Шангај. Блажевски на трките на 800 метри слободно го освои 46 место од 51 пливач, додека на трката од 400 метри заврши како 31 во конкуренција од 36 пливачи.
– Овој натпревар беше прв за мене во сениорска конкуренција, и јас сум задовлен што успеав да се настапам таму со исполнета норма. Во секој случај се надевам на подобри настапи во иднина. – вели Блажески кој смета дека само напорната работа во вода и надвор од неа може да те “исфрли“ на површина.
Условите во кои се подготвуваме кумуваат на резултатите постигнати на големите натпреварувања , смета Симона Маринова, која заврши како последно пласирана на трките на 1500 и 800 метри.
– Секако резултати беа послаби, и успехот беше послаб од тоа што очекувавме , но имаше многу фактори кои влијаае на тоа, како прво и основно условите во кои ние се подготвувавме за таму, иако МОК (Македонскиот Олимписки Комитет) не подржува колку може, не се доволни за поголем професионален успех. Имавме проблем со адаптацијата времето таму е 6 часови понапред, пристигнавме многу доцна само два дена пред настапот и немавме време да се присопособиме на временската зона – рече Маринова.
Финасиите ги кројат настапите на македонските пливачки, доклку се изнајдат финансии Блажески ќе настапи на Унверзијадата во Кина, додека Маринова очекува да биде дел од светското младинско првенство во Перу, каде очекува да постигне подобри резултати од оние во Шангај.
Маринова ДА, Блажески “НЕ“ за Охридскиот плвачки маратон
Марко кој две години во низа победува на “малиот“ маратон се уште не размислува да се проба на 30 километарската патека “Климе Савин“
– Ниту следната година нема да бидам дел од Охридскиот пливачки маратон, бидејќи се поклопуваат термините со Олимпијадата во Лондон, што сигурно е моја голема желба, која секако зависи од тоа дали ќе остварам норма – потенцираше Блажески.
Од друга страна Маринова пак најави настап на наредното издание на маратонот, по што би била првата македонка која ќе ги бранува водите на Охридското Езеро по Теодора Раптис.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com