11 – та репрезентација од последното Светско првенство, Македонија ќе ја угости сребрената репрезентација од последните Олимписки игри, Исланд вечерва од 20,15 ч. во салата „Борис Трајковски“.
Било каква победа на избраниците на селекторот Иле Темелковски ќе го анулира киксот со ремито во Естонија и продолжението од натпреварите во третата група многу веројатно ќе го одведе до разврска во која пласманот на ЕП ќе се брка во двомечот со Норвешка, која со Исланд дома одигра нерешено.
Норвежаните водат со седум бода од четири средби, а Исланд и Македонија имаат по три, но од две средби.