Преку проект за правење на бушотини ЈП „Билјанини Извори“ ќе обезбедува третирана вода моментално за отворениот, а во иднина и за затворениот пливачки базен, но и за тековното користење на Спортско-рекреативниот центар.
Директорот на претпријатието, Теодор Андоноски вели дека покрај електричната енергија во Спортско рекреативниот центар најголем трошок е и водата, бидејќи отворениот базен троши огромна количина на вода, а и во иднина би трошел и затворениот пливачки базен.
Во изработка е проект за правење на бушотини со што би обезбедиле третирана вода за отворениот и затворениот пливачки базен. Според нашите пресметки само затворениот пливачки базен и за моменталното користење на Спорстко-рекреативниот центар заштедите би биле 3 милиони денари на годишно ниво. И со тоа во иднина ќе можеме да размислуваме и за намалување на долговите на ЈП и да не се прават повеќе долгови кон ЈП Водовод, вели Андоноски.
Најавува дека готов е проектот и за осветлување на теренот со вештачка трева, со што би се продолжил дренажниот процес.
Очекуваме во наредниот период да биде објавна јавна набавка за да се спроведе тој проект. Со овој проект се продолжуваат термините за тренизни на децата, бидејќи сега може да тренираат само на дневна светлина, а понатаму да можат и во ноќните часови, потенцира Андоноски.
Во план на ЈП за оваа година, вели директорот, е обезбедување и на проект за покривање на едно од тениските терени со што би се обезбедиле услови а тренирање и во зимските периоди.
Н.С.Ј.