Меѓу двестоте учесници од регионот Македонија ја претставуваа Антонио Балески од Општина Охрид, продеканот на Факултетот за Туризам и угостителство, проф. Сашо Коруновски, а од редот на студентите Михаел Ристески.
На Конференцијата која изобилувала со доста авангардни содржини, се дискутирало за влијанието на ТВ и филмските локации на туристичките дестинации, трендовите во туризмот, маркетинг на дестинациите, влијанието на културите во туризмот, брендирањето, како и за јавно-приватно партнерство, односи со јавност на хотелите итн.
– Целта на оваа меѓународна конференција која се одржа по втор пат во Белград е да ги соедини различните субјекти од туризмот, централните и локалните власти, бизнис секторот и академскиот сектор од Балканот да креираат партнерства и да формираат платформа за најдобри млади лидери во туристичката индустрија, ни изјави Антонио Балески од Секторот за руризам и локален економски развој при Општина Охрид.
Една од спецификите на конференцијата беше и подигнување на стандардите во туризмот преку подобра соработка помеѓу заинтересираните страни, размена на искуства и знаења и пред се преку подигање на капацитетите на идните млади лидери од балканските земји во областа на туризмот, додаде Балески.