На семинарот ќе учествуваат 30-тина лидери на политички, невладини, верски и младински организации од општините Куманово, Струга и Кичево.
Целта на овој семинар е јакнење на капацитетите на локалните лидери и нивно оспособување за учество во општествениот дијалог, развивање на граѓанското учество во процесот на решавање на конфликти преку подобрување на сфаќањата за правните, стратешките и институционалните основи на граѓанското учество.
Идејата на семинарот е преку практикување и употреба на различни форми на општествен дијалог и граѓанска партиципативност, како што се дијалогот, преговорите, техники за решавање на проблемите, јавни дебати да се постигне поголема свест кај локалните лидери за решавање на споровите, а исто така и поголема свест за граѓанско учество во донесувањето одлуки на локално ниво.