Денес и утре “СРЦ Атина Бојаџи“ ќе
биде домаќин на Финалето на Купот на Македонија за сениори и сениорки.
Купот е во организација на Атлетската федерација на Македонија, а
натпреварите ќе се одржат на Градскиот стадион во склоп на комплексот од
14 часот и во сабота од 10:30 часот.


Финалето на Купот воедно ќе биде и потврден
натпревар за атлетичарите кои се потенцијални учесници за
репрезентацијата која треба да учествува на Европското екипно првенство 3
лига на 18-19 јуни 2011 год во Рејкавик-  Исланд.

Најдобрите македонски сениори и сениорки ќе настапат во дисциплините:

Сениори: 100 метри, 200 метри, 400 метри, 800 метри, 1.500 метри, 5.000
метри, 10.000 метри, 110 метри со пречки,  400 метри со пречки,   4х100
метри, 4х400 метри, како и во скок во далечина, трискок и височина и
фрлање на копје, ѓуле и диск.

Сениорки: 100 метри, 200 метри, 400 метри, 800 метри, 1.500 метри, 3.000
метри, 100 метри со пречки,  400 метри со пречки,   4х100 метри, 4х400
метри, како и во скок во далечина, трискок и височина и фрлање на копје,
ѓуле и диск.

Ohridnews