Во присуство на голем број  млади, викендов во Охрид беше промовирано претставништвото на невладината организација “Уфук“.


– Ова здружение во својата програма има зацртано да се бори за човековите права, демократијата и да се грижи за правата на младите во сите сегменти на животот, а посебно ќе се грижи за младите Турци во доменот на образованието на мајчин јазик, подобрување на животните услови како и за нивното активно учество во општествениот живот, изјави Енес Ибрахим – председателот на здружението “Уфук“. Своите ставови и активности невладината организација ќе ги презентира во списание кое го носи името на здружението “Уфук“.


На основачкиот состанок на невладината организација беа промовирани статутот и програмата на здружението и беа избрани раководните органи. За претседател на здружението едногласно беше избран Ерсој Шазиман, потпредседател е Бајрам Максуд, а Елиф Салих ќе ја извршува функцијата секретар.

Ohridnews