Вчера во просториите при НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се оддржа литературна средба „Сеќавање на Шејмас Хини“. За животот и делото на Хини зборуваше Тоде Илиевски, а одбрани песни од ирскиот поет, драмски писател, преведувач и нобеловец читаше актерката Билјана Билаловиќ.
Шејмас Хини е роден во Мосбон, Северна Ирска, во 1939 година. Добитник е на голем број меѓународни награди, меѓу кои и на Нобеловата за литература во 1995.
Во 2001 година го доби „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. Почина на 30 август 2013 година.
Внимание привлекол уште со првата поетска збирка „Смртта на природословецот“ (1966). Автор е и на книгите: „Врата кон темнината“ (1969), „Презимување“ (1972), „Остров на ходочастија“ (1984), „Глогов фенер“ (1987), „Привиденија“ (1991).
OhridNews
фото: Мишо Јузмески