Во 30-те центри за вработување во државата, меѓу кои и охридскиот, деновиве започна поднесувањето пријави за кредити за самовработување.

Право на поднесување пријави имаат невработените лица кои најмалку една година се на евиденцијата за невработени.

Како што информираат од Агенцијата за вработување, заинтересираните кандидати до подрачните центри за вработување со барањето ќе треба да достават бизнис-план во чија изработка ќе добијат помош од лицата од Агенцијата.

Се до 15 октомври годинава заинтересираните ќе можат да пријавуваат проекти со најмногу пет вработувања за кредит до 15.000 евра. Рокот на враќање е три години со грејс период од една година и еден отсто годишна каматна стапка.

OhridNews