Тоа е единствен случај за „ клик измама“, да биде уапсен некој во Србија, бидејќи оваа измама е специфична и по тоа што е тешка за откривање.
Осомничениот заразил со компјутерски вирус голем број на компјутери ширум светот.
Користејќи ги тие мрежи на заразените компјутери тој на вештачки начин го генерирал сообраќајот со тие сметачи кон сајтовите на компанијата со која претходно склучил договор.
Всушност договорот склучен преку интернет бил дека тој ќе го рекламира нивниот софтвер и дека компанијата ќе плаќа за секоја посета.
Во компанијата не знаеле дека големиот број на посети е последица на генерираниот сообраќај и дека тоа е остварено со ширење на вируси, пишува српскиот весник Блиц, повикувајќи се на изјави на шефот на одделението за борба против високотехнолошки криминал, Владимир Урошевиќ.
„Сопствениците на заразените компјутери не ни знаеле дека во нивните компјутери е уфрлени вирус, како и тоа дека на тој начин не им е направена материјална штета. Од друга страна е оштетена компанијата бидејќи му платила паер, а на компанијата и е нарушен угледот поради начинот на кој на нејзиниот сајт е забележан голем број на посети“, вели Урошевиќ.
Тој објаснува дека „клик измама“, е многу софистицирана и дека е многу тешко да се утвртди кој е оштетен.
Урошевиќ советува да се избегнува оставање на лични податоци на страните на интеренет.
извор: „Макфакс“