– Станува збор за нова, необична програма за зголемување на самодовербата, зголемување на моќта на концентрацијата и фотографска меморија. Благодарни сме што Суперкиди од Дубаи ни новозможија и кај нас да се одржи една ваква обука и со тоа децата да увидат кои се нивните можности и да бидат поефикасни и попрактични во животот, нагласува Сашо Точков, претседател на Црвен Крст- Охрид.
– Програмот функционира повеќе од десет години насекаде во светот . Се базира на две методологии од кои едната се однесува на тренинг на мозокот кој дава големи резултати. Децата кои ќе бидат дел од оваа програма ќе се стекнат со поголема самодоверба и со тоа ќе станат лидер на сопствениот живот. Ќе се стекнат со сите овие способности и ќе можат да се посвесни за својата ментална појава, цели и да постанат остварена личност, вели Марија Mилошеска, дел од тимот кој ќе го реализира овој проект.
Реализацијата на проектот ќе започне во септември. Децата учесници ќе се поделени во групи, а часовите ќе се одржуваат еднаш неделно. Со нив ќе работаат професионалци, а сето тоа ќе се одвива преку игра, во релаксирана и интересна атмосфера.
Аудициите за прием на кандидатите ќе почнат наскоро, а заинтересираните родители, потребните информации може да ги добијат во просториите на Црвениот крст.