Вила во Шпанија после роденденска забава била сосема уништена. Џуди Худсон по повод прослава на својот 16-ти роденден ги поканила своите пријатели од Фејсбук. Тинејџери од секаде пристигнувале на забавата на годината, како што ја нарекувала Џоди.


Крајниот резултат на оваа забава бил исчезнување на накит во вредност од 10 000 евра, куќни апарати фрлени во базен полн со вода и кражба на половина од гардеробата на Аманда. Џоди на страните на Фејсбук и Бебо напишала дека на забавата ќе има неограничени количини алкохол и популарен Ди-џеј.


За работата да биде уште полоша, се рашириле гласини дека сопственичката се разведува од сопругот и нема да и пречи ако ја уништат вилата со седум спални соби. Забавата избегала од контрола и соседите повикале полиција која сите гости детално ги претресла, но повеќето работи веќе биле уништени или украдени.


-Куќата е уништена, а повеќето работи украдени. Сите врати се искршени, а луѓето имаа секс по сите соби-напишала Џоди на Бебо по забавата. Дека не чувствува вина покажала и пораката на Фејсбук:„Мајка ми ми удри шлаканица и не смеам надвор до крај на летото. Каква кучка!“


-Некој рече дека можеме да ги кршиме работите низ куќата. Децата збеснаа. Во базенот имаше столици, маси па и телевизори, раскажува еден од тинејџерите кој за забавата дознал од пријател. Вилата во Шпанија, Аманда, која живее во Ливерпул, ја изнајмува за 6000 долари неделно, а некои од гостите се и познати фудбалери од Британија.