Според Јавниот оглас, кој е објавен на веб-страницата на Факултетот, основен услов и критериум, при пријавувањето за оваа програма е студентот да има македонско државјанство и во моментот на реализирање на мобилноста да е запишан, најмалку на втора година додипломски студии.
– Висината на стипендијата која ја обезбедува програмата ЕРАЗМУС, за студентите, изнесува 310 евра месечно. Патните трошоци и здравственото осигурување се на товар на кандидатите. Сите потребни насоки за аплицирање за оваа програма, студентите може да ги обезбедат кај координаторот на факултетот. -се вели во Јавниот оглас на Факултетот за туризам и угостителство.
Оваа програма ќе овозможи Студентите да престојуваат од 3 до 12 месеци на било кој од универзитетите, кои ја подржуваат прорамата ЕРАЗМУС во Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Летонија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.
Програмата ЕРАЗМУС, претставува програма за размена на студенти на Европската Унија воспоставена во 1987 година. Всушност, тоа е најзначајниот дел од Европската Програма за доживотно учење 2007–2013 година и е оперативна рамка за иницијативите на Европската комисија во доменот на високото образование.