Охриѓани преку спортското друштво “Ехо КК” ќе ги заживуваат спортовите на вода, кои долги години живуркаат во Охрид. Преседателот на ова новоформирано здружение Олег Маленко истакна дека тие се отворени за соработка со постоечките клубови и со сите оние кои ги сакаат водените спортови.

На почетокот приоритетно ке биде кајак кануто, но во целите и задачите како и програмата  на здружението е заживуваање и афирамција на сите спортови на вода. Ние нема да бидеме никаква конкуренција напротив ќе се обидеме со остнатите клубови да му го вратиме сјајот на споротивите на вода – рече Маленко .

По охридскиот атлетичар Реџеп Селман кој настапи на Игрите во Пекинг 2008, охриќани сакаат да пратат кајакар на следната Олимпијада. Со формирањето на спортското друштво “Ехо КК” ќе се заживуваат спортовите на вода, кои долги години не постојат.

 – Сакаме да формираме клуб со сите нишани, со обединувањето кајакарските федерации ќе се нормализираат работите и во наредните години наша цел ќе биде да испратиме некое охриѓанче на Олимпијадата – рече Димитар Пендов членот на УО на новоформираниот клуб.

По кајак – кануто, од друштвото велат дека нареден чекор е пливањето , додека желба на сите е и рестарирањто на ватерполото кое е во подолгорочниот план.

М.Постоловски