Против телевизиите А1, Алсат, Канал 5, Сител и Арт од Тетово ќе бидат поднесени прекршочни пријави заради предвремено изборно медиумско претствување, соопшти Советот за радиодифузија – СРД.

Овие медиуми ќе заработат парични казни од 3-5.000 евра, најави СРД. Оттаму информираат дека Советот располага со доказни матерјали за прекршувањата, кои во најголем дел се однесуваат на промоција на личности потенцијални претседателски кандидати.

Опомени пред покренување прекршочни постапки заработиле  МРТВ, ТВ Сител 3 и ТВ Алсат.

Ohridnews