Државната комисија за спречување на корупција ќе поведе прекршочна постапка против сите советници кои немаат доставено изјави за интереси.

Заклучно со овој вторник до комисијата од вкупно 1.384 советници, изјави за интереси имаат доставено 677 советници, што значи 432 од нив не ја исполниле својата обврска.

Согласно измените и дополнувањата на Законот за спречување судир на интереси донесени во месец септември 2009 година се воведе обврска за службените лица да пополнат и достават изјава за интереси.

Во категоријата службено лице покрај останатите спаѓаат и советниците во советите на општините.

Овие службени лица согласно одредбите од законот се должни да пополнат изјава за интереси и истата да ја достават до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Глобата која се изрекува за ваков вид прекршок е во износ од 1.000 до 3.000 евра.

Ohridnews
извор: Makfaks