„Полицијата приведе дваесетина лица и врз основа на истрагата констатирани се несоодветни поведенија поради што МВР подготвува прекршочни пријави за дел од раководството на ФК Вардар, како и против инволвираните лица во инцидентот за нарушувањето на јавниот ред и мир и предизвикување насилство на спортски натпревар“, рече Јанкуловска.
Последниот инцидент треба да биде уште една опомена дека насилството треба да се искорени од спортските терени каде единствено место треба да има место само за спортските натпревари, додаде Јанкуловска. Таа ги отфрли обвинувањата за политичка позадина на инцидентот и најави дека ќе бидат проверени обвинувањата за однесувањето на полицијата. Доколку евентуално се констатира дека полицијата ги пречекорила своите овластувања ќе бидат превземени соодветни мерки“, рече Јанкуловска.