ТВ А1 е казнета, поради емитувани повеќе од 15 минути за платено политичко рекламирање на реален час и проширување на прекршочната пријава поради прекршување на предизборниот молк преку емитување на аудио-визуелни материјали во врска со кандидат во изборниот процес.
ТВ Сонце, поради прекршување на изборниот молк и проширување на прекршочната пријава по истиот основ
МТВ 1 и МТВ Собранискиот канал емитувале рекламни спотови, финансирани од буџетот на РМ во период на изборен молк.
Поради други помали пропусти, СРД упати укажувања до: ТВ А1, МТВ 2 (Програма на албански јазик) и до локалната телевизија ТВ Стар од Штип.
„Службите за анализа на СРД продолжуваат со обработка на емитуваните материјали и на останатите национални, регионални и локални радиодифузери и доколку се констатираат прекршувања, СРД во текот на наредниот период ќе продолжи да изрекува мерки“ соопштуваат од СРД.
извор: Makfaks