Членовите на Охридското астрономско друштво, изминатиот викенд од планината Галичица го набљудуваа метеорскиот дожд, таканаречен Персеиди, кој оваа година поради силната светлина од полната месечина беше помалку воочлив, однсно јасно се гледаа само поголемите метеори.


членовите на Охридското астрономско друштво

– Го набљудувавме небото над Охрид од националниот парк Галичица на 11,12 и 13 август вечерта пред да изгрее месечината, во правец на галаксиите Млечен пат и Андромеда. – истакнаа членовите на Охридско астрономско друштво, кои направија прекрасни фотографии од метеорскиот дожд.


Млечниот пат и метеор над Галичица

Метеорскиот дожд Персеиди се јавува кога Земјата минува низ орбитата на Свивт- Татловата комета, која нашата планета ја пресекува секоја година во август.

OhridNews
фото: Стојан Стојаноски