Познатиот македонски баритон, Борис Трајанов, вечерва во центарот за култура “Григор Прличев” одржa прекрасен концерт на кој тој изведе повеќе познати канцони.Трајанов настапи заедно со мандолинскиот оркестар од Скопје под диригентската палка на Рамадан и Ехрам Шукри. Концертот на Трајанов беше и хуманитарен, а собраните средства ќе бидат наменети за помош  на осумгодишниот Јован Колоски кој боледува од специфичен вид епилепсија, како и за купување музички инструменти за учениците со посебни потреби од основното училиште “Свети Климент Охридски”.Во организацијата на хуманитарниот концерт се вклучи и Црвениот крст од Охрид.


ФОТО: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ


Фотографија за спомен со маестро Трајанов

Ohridnews
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ