Феноменален концерт со избрани дела од познати композитори приредија на фестивалот „Охридско лето“ македонските виолинисти Костадин Богданоски и Климент Тодороски придруживани од пијанистите Марија Ѓоршевска и Дино Имери.

Во преполната црква „Света Софија“ каде имаше бројни странски посетители одекнуваше убава и избалансирана програма од разни епохи и разни стилови.

Богданоски-Ѓошевска го завршија концертот со прекрасно дивертименто од Стравински коешто е како една сликовница за животот на авторот од неговите денови во Русија па до неговите денови во Америка. Преку синоќешниот концерт на „Охридско лето“, Богданоски настапува пред македонската публика првпат по десеттина години.

Македонскиот виолинист Климент Тодороски кој е роден охриѓанец, не настапува прв пат на „Охридско лето“. Тој беше дел од фестивалот заедно со Македонската филхармонија.

OhridNews