Секој збор изговорен за жената е премал за да ја опише нејзината големина. Но, зборови изговорени од нејзините најмили го топлат нејзиното срце.
Со уникатниот проект “Жената е…” преточен во прекрасно видео подготвено од Советот на родители при ООУ “Григор Прличев” Охрид, родителите/старателите од машкиот пол, од различни професионални профили, со различни животни ставови, но со една заедничка мисла и идеја – заедно со своите најмили дечиња на сите жени им го честитаат 8 Март- Интернационален ден на жената. – велат од инволвираните во овој креативен проект.
OhridNews