Одлична музика и расположение на „Охридската вечер“, што викендов, се одржа во Белград.

Охриѓани, кои живеат во Белград, имаа можност да уживаат во прекрасната традиционална македонска храна и вино, и да ги пеат познатите староградски рефрени заедно со ансамблот „Билјана“.

Охридската вечер, по повеќе од две децении, се одржа во организација на Владо Велјаноски и група пријатели, вљубеници во Охрид.

OhridNews