Руските уметници Борис Бровцин – виолина и Анастасија Волтчок – пијано, вечерва одржаа прекрасен концерт во катедралната црква Св. Софија.
На програмата беа дела од Шуберт, Бетовен и Франк, кои ја воодушевија фестивалската публика.
Победникот на Интернационалниот натпревар Тибор Варга, Борис Бровцин е еден од најзначајните претставници на руската виолинска школа. Настапувал со реномирани светски оркестри и на музички фестивали. Во 2001 година, Бровцин беше финалист на виолинскиот натпревар Queen Elizabeth во Белгија, а истата година стана добитник на наградата Ројтерс. Како солист работел со Сер Невил Маринер, Јури Башмет, Герд Албрехт, Марек Јановски, Нееме Јарви, Луи Лангре, Јан Паскал Тортелие, Гилберт Варга, Александар Лазарев, Владимир Федосеев и многу други уметници. 
Анастасија Волтчок е истакнат претставник на големата руска пијанистичка традиција. По своето оркестарско деби на осум годишна возраст под диригентско водство на Владимир Понкин, Анастасија Волтчок интензивно концертира низ Европа и САД. Неодамна таа настапи како солист со Валери Гергиев и оркестарот Киров при театарот Марински од Санкт Петербург.
OhridNews
фото: Кирил Јорданоски