Kамерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, под диригентската палка на маестро Саша Николовски-Ѓумар, синоќа одржа концерт ви катедралната црква „Света Софија“, во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
Љубителите на класичната музика уживаа во изведбата на дела од Чајковски, Персл и Хендл.
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија е редовен учесник на нашата најголема и најпрестижна музичко сценска манифестација. Оркестарот основан пред 30 години е составен главно од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, но често во него членуваат и млади музичари од други земји. Досега има реализирано повеќе од 90 концерти, со голем број диригенти и солисти од земјава и светот. Камерниот оркестар на МММ е добитник на повеќе награди и признанија.
Синоќешниот концерт на Музичката младина на Македонија беше емитуван во живо на интернет.
OhridNews
фото: „Мега продукција“