Во духот на традицијата, бројни гости во хотелот Силекс ја дочекаа Стара Нова година. Богато мени, со прекрасна декорација, василичарски оган покрај самиот базен,пита со паричка, убава музика и многу изненадувања за посетителите, е она по што со години наназад е препознатлив хотел Силекс за дочекот на Стара Нова година.

Ентериерот со етно мотиви од традиционалната култура и облеката на персоналот со мотиви и апликации од традицијата оставија позитивен белег кај присутните.

Покрај негувањето на обичаите, постојаното воведување на новини придонесуваат бројот на гости во овој познат охридски хотел од година во година да е се поголем.

OhridNews