Современо уреден простор, прекрасен поглед кон езерото и охридскиот кеј, врвна услуга и храна. Целосно реновираната тераса-ресторан во рамки на познатиот хотел Нова Ривиера, од денес, е отворена за сите кои сакаат своето прво утринско кафе да го испијат во убав амбиент, да уживаат во вкусните специјалитети, се дружат со пријателите и ги прослават своите семејни прослави.

Во текот на целото лето посетителите ќе имаат можност да уживаат слушајќи познати рефрени отсвирени од страна на акустичен бенд.

OhridNews