Од понеделникот започна изведувањето на поголемите градежни зафати за реконструкција на магистралниот пат Р418, Струга-Дебар, поради што ќе има целосни прекини во одвивањето на сообраќајот, секојдневно во
неколку интервали; од 08.00 до 10.30 часот, од 11.00 до 13.30 и од
14.30 до 17.00 часот, информираат од АМСМ.

Реконструкцијата на овој патен правец започна на 25 мај и ќе трае шест месеци. На патот ќе се поставува нов асфалт во должина од 24 километри.

Ohridnews