Телевизијата CBS и студиото Ворнер соопштиле дека ја прекинуваат продукцијата на серијата „Два и по мажи“ чија звезда бил актерот Чарли Шин.


 Во заедничкото соопштение било наведено дека оваа одлука била донесена поради однесувањето на Чарли Шин, кој во последно време имал премногу проблеми со алкохолот и дрогата. Во период од неколку месеци актерот три пати бил хоспитализиран поради предозираност.