Прв пат интернационалниот судија Александар Ставрев мечот го прекина во 13-та минута, а принудната пауза траеше 12 минути по што актерите се вратија на теренот.
Навивачите покрај молбите упатени од двата капитени не се поправија и по барање на делегатот Тони Иваноски, Ставрев по втор пат го прекина градското дерби во Купот на Македонија.
Фудбалската федерација на Македонија заедно со Дисциплинската комисија одлучија тетовската пресметка во Купот да се преигра во некои подобри услови откако навивачите и фудбалерите ги сменаа улогите.
фото : “Нова Македонија“