Прекинати се воздушните напади на главниот град на Либија Триполи и Бенгази, јавува агенцијата Франс прес, пренесува „Макфакс“.

Британските ловци бомбардери од типот „торнадо“ го прекинаа новиот бран воздушни напади на Либија.

Жителите на Бенгази кои побегнаа од градот поради нападот на силите на водачот Гадафи почнаа да се враќаат во тој град.


Десетина изгорени воени возила и тенкови се наоѓаат на стратешки важниот пат на истокот на Либија, кој води до бунтовниците во Бенгази, јавува Ројтерс.

Во меѓувреме, жителите на градот Мисрата наведуваат дека силите лојални на Гадафи продолжуваат да го обиколуваат градот и поставиле снајпери на крововите на зградите.

Либискиот претседател најави дека земјата ќе го искористи своето право на самоодбрана согласно Уставот на ОН, нарекувајчи ги  нападите „колонијална агресија на крстоносци, која може да предизвика нова крстоносна воја“.

OhridNews