Случајот со исчезнатиот авион „Пајпер Малибу“ во кој се наоѓаше фудбалерот на Кардиф Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон ќе остане мистерија. Британските власти ги повлекоа спасувачките екипи, откако не најдоа ништо во текот на тридневното пребарување на местото и околу каде што исчезна авионот.
Спасувачките екипи ги известиле семејствата за повлекувањето и прекинувањето на пограгата. На фудбалерот и пилотот не им се дава шанса за преживување.
- Од моментот на пријавувањето за исчезнатиот авион мојот тим водеше интензивна пограга. Пребаравме површина од 1 700 квадратни милји, користивме најсовремена технологија и сите ресурси но не успеавме да најдеме трага од лицата и авионот. Со тешко срце решивме да ја прекинеме потрагата и ги известивме семејствата. – стои во соопштението од спасувачките екипи.
Авионот во кој се наоѓаше Сала исчезна во понеделникот вечерта, а од тогаш му се губи секаква трага и многу веројатно така ќе остане.
28-годишниот фудбалер за 17 милиони евра се пресели од Нант во Кардиф. За премиерлигашот од Велс ова беше рекорден трансфер но ќе остане голема тага, бидејќи никогаш Сала не истрча на теренот.
OhridNews