Како што веќе објавивме, утрово околу 9.30 часот кочија со која се превезувале мајка и син се превртела на импровизираниот премин преку кој сакале да поминат на пат кон соседното село. Мајката успеала да се спаси, а детето исчезнало во брзите води. Локалните жители и полицијата веднаш започнале потрага во која била вклучена и механизација, но момчето не е пронајдено.
Жителите на Татеши се потресени од настанот и велат дека никогаш до сега нешто слично не се случило во селото.