Наставата во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ во Струга е прекината по двете тепачки на ученици албанци и македонци што се случија вчера. Првиот инцидент се случил околу 9 часот кога група ученици нападнала друга група. Во тепачката две лица се здобиле со видливи повреди, соопшти МВР која на информативен разговор во полициската станица во Струга повикала двајца осомничени ученици.
Втората тепачка се случила околу 14 часот при што интервенирала полицијата. Училиштата се под полициско обезбедување и се прават напори за смирување на тензиите кои започнаа минатата недела.
Во насока на смирување на ситуацијата денеска градоначалникот на Струга ќе одржи средба со директорите на двете средни училишта и претставници на полицијата.
ohridnews