Советот на општина Охрид на денешната 25 седница во жестока расправа со меѓусебни обвинувања не ги усвои извештаите за финансиското работење на јавните претпријатија
Охридски Комуналец и Проаква.

Советниците на седница која поради неможноста да се усогласат ставовите беше прекината  не ги разреши управните и надзорните одбори во јавните претпријатија.

Инаку на денешната седница на барање на советничката група на ВМРО НП  Советот го изгласа предлогот во ребалансот на буџетот да биде вметната ставка со која на вработените во јавната администрација им се одобрува таканаречен Божикен надомест меѓу 500-1000 денари.

Од кабинетот на градоначалникот велат дека одлуката е незаконска затоа што според нив ваква одлука единствено има ингеренции да донесе градоначалникот, а таков надомест според законот можат да добијат максимум тројца  вработени и тоа во висина на 30% од вкупната плата.

Интересно во целиот случај е што одлуката беше донесена на предлог на опозициона партија, а одлуката ја поддржаа сите советници.