На вонредна седница што е одржа денеска, Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, Министерството за образование и наука и за труд и социјална политика, постигнаа договор за продолжување на дијалогот, со што штрајкот на просветните работници се става во мирување.

Информацијата вечерва ја потврдија и ресорните министeрства.

Советот на СОНК оцени дека постигнатиот договор со ресорните министерства во однос на барањата кои беа причина за Генералниот штрајк, преставуваат прифатлив компромис и врз основа на тоа донесена е одлука Генералниот штрајк да биде прекинат во сите основни и средни училишта, како и во градинките, соопшти СОНК.

Согласно ваквата одлука, наставата во училиштата од утре, 4-ти февруари, ќе се одвива редовно, согласно наставниот план, програма и работното време, информираше СОНК. 

Во Охрид во штрајк стапија единствено дел од вработените од Гимназијата „Св. Климент Охридски“.

OhridNews