На минута и пол од крајот на мечот  поради вербална расправија прекинат беше контролниот натпревар меѓу Охрид и Прилеп при резултат 24-27 за гостинскиот состав.

Во текот на целиот натпревар ништо не наговестуваше за ваков крај. Тензијата на теренот се разгоре во финишот на мечот кога еден до домашните ракометари стартуваше врз гостинскиот и двете екипи влетеа на теренот.

Страстите веднаш се смирија по што судиите одлучија да го прекинат контролниот дуел, кој требаше да биде пријателски.

Мх.П.