Организаторите на пивскиот фестивал во Херефордшир наишле на проблеми, откако се испило сето пиво кое било за продавање, па фестивалот морале да го затворат еден ден порано. Марк Хаслам, организаторот на фестивалот рекол дека фестивалот го посетиле 3800 луѓе, што било за 30 % повеќе од минатата година.


Биле уверени дека имаат доволно пиво, а имале и план доколку им снема. Последниот ден било планирано да одржат таканаречен семеен ден, но морале да го откажат. Марк ветил дека за следната година подобро ќе се подготват.