Натпреварот од првата рунда во купот во футсал првенството помеѓу екипите на Биџо од Куманово и Охрид `21 не го дочека својот крај.


Охриѓани не задоволни од водењето на натпреварот на судиската двојка , како и од нивниот однос кон играчите, на пет минути од крајот при резулатат 3-2 за домашните се повлекле од теренот.

 – Трет пат играме во Куманово, и трет пат ни се повторува истата слика – рече за Ohridnews тренерот на охриѓани Ѓорѓи Чадо.

По повлекувањето од теренот, Охрид `21 ќе биде елиминиран од понатамошните натпревари од купот.

М.П.