Натпреварот помеѓу футсал екипите на Охрид 1921 и Куманово 1903 не го дочека својот крај. Мечот беше прекинат на 16 секунди пред крајот,  при резултат 5-6, откако охриѓани незадоволни од една одлука го нападнаа судијата Темелков по што овај го прекина натпреварот.


Текот на мечот воопшто не навестуваше таков финиш посебно поради тоа што по пет минути игра во вториот дел охриѓани имаа 4-0 предност. Предноста усепаа да ја прокоцкаат , дозволувајќи им на гостите не само да израмнат, туку и да поведат со 5-6.


Вината за поразот охриѓани место во своите редови се обидаа да ја бараат кај судијата. По извештајот на делегатот се очекува да се знаат казните кои ќе ги добијат фудбалерите и клубот.

М.П.