Последниот меч од првото коло од домашниот кошаркарски шампионат меѓу МЗТ Скопје и Лирија беше прекинат на стартот на вториот дел при резултат 43-39 за домаќините.
По недоличното скандирање и навреди на национална основа на навивачката група “Фемили“ гостите се одлучија да се повлечат од паркетот на теренот во салата “Јане Сандански“. Натпреврот според пропозциите ќе треба да се доигра во следните 24 часа.
Незапочнатиот натпревар меѓу Работнички и Вардар е регистиран со резултат 0-20 , откако домаќините навреме не ги уплатиле потребните средства.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com