Првото полувреме од натпреварот помеѓу Прилеп и Охрид траеше речиси еден час, откако судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов го прекинаа мечот на две минути до крајот.

На преносот во живо на каналот од РК Прилеп не се гледа за каков инцидент се работи, но судиите побараа да се испразни трибината каде што се наоѓаа навивачите на Охрид. Испразнувањето одеше бавно, а на помош дојде и полицијата која ја спроведе наредбата од судиите и делегатот.

„Гладијаторите“ го добија првиот дел со убедливи 17-10, но голема дамка ќе остави инцидентот за кој дополнително ќе има образложение.

OhridNews