Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците на улицата „Гоце Делчев“ најавуваат од ЈП Водовод Охрид.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“ на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан, велат од претпријатието.
Додаваат дека екипите се на терен до завршување со санацијата.
OhridNews