Прекин во водоснабдувањето кај корисниците на улицата „Гоце Делчев“ најавуваат од ЈП Водовод Охрид.

Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 10:00 до 13:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“ од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбата Далјан, посочуваат од претпријатието.

OhridNews