Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, четврток, поради изведба на атмосферска канализација има потреба од девијација на водоводни линии.

Поради тоа до 12 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „ Гоце Делчев“ (од пресекот со улица „Бистрица“ до крајот на улицата „ Гоце Делчев“) како и соседните улици „ Мичо Гилиќ“ и „ Сатеска“.

OhridNews