Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека, денес, среда, поради настанат дефект на водоводната линија Ф-300 мм ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците „ Питу Гули“,„ 15- Корпус“,„ Кленоец“, „ Радојца Новичиќ“ и „ Живко Чинго“. Прекинот во водоснабдувањето ќе биде до 17 часот.

Екипите на МЈП Проаква – РЕ Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

OhridNews